Старата „љубов“ најжешко пламти: Хамилтон и Алонсо го имаа дуелот на денот во Мексико (ВИДЕО)

navivaci na alonso mexico 2017

Луис Хамилтон стигна до четвртата шампионска титула создавајќи недостижна бодовна предност во однос на Фетел, но моментот на денот беше неговиот дуел со Алонсо – и тоа за деветтата позиција во трката за Големата награда на Мексико.

Добро е познато дека Алонсо е сметан за најдобар возач на оваа генерација, иако Хамилтон и Фетел имаат повеќе титули од него, а и Шпанецот во своите поранешни изјави го потенцираше Луис како најтежок ривал во кариерата. Во 2007 година како тимски колеги, тие со своите дуели на и вон патеката потсетија на Сена и Прост, но Алонсо замина од Мекларен по само една сезона. Оттука, секој нивен дуел на патеката едноствано не е е лесен и привлекува внимание, особено кога е како овој во Мексико и трае низ 3-4 свиоци.

Видеото е достапно на официјалната страна на Светското првенство: (кликни тука).

Facebook Коментари