Стара школа: Новицки го испрати Грин по „бурек“, а потоа и по „јогурт“ (Видео)

novicki

Тимот на Далас Маверикс претрпе очекуван пораз на гостувањето кај Голден Стејт Вориорс од 121-103, но еден потег на ветеранот Дирк Новицки беше она што го одбележа овој дуел и е вистински хит на социјалните мрежи.

Германецот кој во јуни годинава ќе наполни 40 години му одржа вистинска лекција на Дрејмонд Грин и тоа за неколку секунди со иста финта. Дирк прво го испрати Грин по „бурек“, а пак потоа го натера да се врати назад и да му донесе „јогурт“.

Најголемата ѕвезда на Далас натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок од 16 поени и 11 скокови.

Facebook Коментари