Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Стар голмански воин му испрати порака на Тер Штеген откако прими осум гола од Баерн (Фото)

Објавено

на

Марк Андре Тер Штеген собра сила да им се обрати на фановите на Барселона откако прими дури осум гола во четвртфиналето против Баерн Минхен, испорачувајќи идентичен заклучок како неговите соиграчи Жерард Пике и Френки Де Јонг.

Германскиот чувар на мрежата е приоритет на Барселона кога се во прашање продолжувањата на договорите на најголемите ѕвезди, но Тер Штеген смета дека многу поважно ќе биде да се направат големи промени во тимот за да се врата на победничките патеки, особено во Европа.

Голманот на Барселона им се извини на навивачите на Барса за срамното издание против баварскиот великан, а интересно, на неговата објава се јави легендарниот парагвајски голман, Хосе Луис Чилаверт.

– Сакан Марк, се уште си број еден во светот. Поразите болат, но те прават посилен. Ти испраќа прегратка од дистанца еден стар воин на фудбалот. Ти имаш освоено се шампионе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни