Поврзете се со нас

Македонија

Станковски трагичар за Работнички, Скопје ги освои трите бода на националната арена

Објавено

на

По крајот на репрезентативната пауза, десеттото коло во Првата македонска фудбалска лига беше отворено за градска пресметка на националната арена, каде ова попладне Скопје како гостин се покажа како подобар ривал од Работнички.

Тимот на Влахо влезе во резултатска криза и веќе не знае за победа цели три натпревари, но денеска го претрпе вториот пораз во низа, откако во претходната рунда, ја загуби градската пресметка и со Шкупи.

Иако имаа фаворитска улога, „романтичарите“ не успеаја да ја оправдаат истата на теренот, а трагичар број еден попладнево е напаѓачот Марио Станковски.

Повозрасниот од двајата браќа Станковски кои играат во Работнички најпрво не реализираше пенал за водство на Работнички во првиот дел, но потоа доживеа уште поголем шок, бидејќи во воведот од вториот дел си постигна автогол.

Водството му го даде потребниот мир на Скопје на гостувањето на националната арена, а завршницата ни донесе уште црвен картон и уште еден нереализиран пенал. Илиевски заработи исклучување во домашниот тим, додека од спротивната страна, Јанакиевски не реализираше пенал за уште посигурна победа на Скопје, тим кој со оваа победа побегна од опасната зона на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни