Поврзете се со нас

Свет

Станковски со деби гол во својот прв старт за Газиантеп (Видео)

Објавено

на

Младиот македонски репрезентативец и една од најголемите фудбалски надежи во Македонија, Лука Станковски на одличен начин ја завршува сезоната во Турција.

Играчот од средниот ред одигра супер натпревар против Ризеспор кој неговиот тим го доби со 2:0.

Ова беше прв старт за Станковски во дресот на Газиантеп, каде игра од почетокот на оваа сезона по трансферот директно од таборот на Работнички.

Првиот старт Станковски го зачини и со погодок откако го отвори резултатот на средбата  во 41. минута. Младиот фудбалер погоди со рамо и со тоа го запиша првиот гол зад своето име во најсилната лига во Турција.

Лука Станковски со сигурност ќе добиеше поголема минутажа сезонава, но од терените неколку месеци го оддалечи повреда која дефинитивно му попречи во фудбалскиот напредок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни