Поврзете се со нас

Балкан

Станковски испрати порака на промоцијата во новиот клуб: Тоа е една од моите цели во кариерата

Објавено

на

foto:www.fkradnicki.com

Македонскиот фудбалер, Лука Станковски беше промовиран во новата средина, српскиот прволигаш Раднички 1923.

Становски доаѓа во оваа екипа како позајмен играч од редовите на Газиантеп со кој е „врзан“ до 30 јуни 2026 година со тоа што клубот од Крагујевац ќе може да го откупи неговиот договор по крајот на актуелнава кампања.

-Од агентот дознав дека Раднички покажал интерес за мене. Признавам дека понудата веднаш ме заинтригира бидејќи знаев дека ако се претставам добро во Раднички, можам да остварам трансфер во една од петте најдобри лиги што е една од моите главни цели во кариерата.

-Го следев српското првенство и минатата и оваа сезона и многу ми се допадна тој офанзивен стил на игра на Раднички што ми одговара како играч. Се надевам на успешна соработка и добри резултати во продолжението од сезоната, -порача Лука кој го гледа Раднички како отскочна даска за трансфер во голем клуб во иднина.

Тој на сниорско ниво играше за Работнички, Газиантеп, Горица и Тузласпор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни