Лига Европа
Станковиќ збесна на „Сан Сиро“: Јас не играв крикет, бев во фудбалот 25 години!

Дејан Станковиќ со право беше горд на своите фудбалери со оглед прикажаното на двомечот со Милан, дуели на кои Црвена Звезда ниту еднаш не загуби, а двата меча ги заврши нерешено со играч помалку.
По нерешните 2:2 на „Маракана“, Звезда вечерва се прикажа во уште похеројско издание на „Сан Сиро“, бидејќи спасител на Милан беше фантастичниот Донарума кој спречи чист гол за 1:2 во 68-та минута кој ќе значеше пласман на српскиот претставник во осминафиналето во Лигата на Европа. Набрзо после ова, Звезда доби црвен картон (Гобељиќ) и шансите за чудо станаа речиси невозможна мисија, но реалноста е дека Звезда напаѓаше до самата завршница со играч помалку.
Во 93-та минута, Звезда се избори и за корнер во својата последа акција, но судијата Мансано не дозволи истиот да се изведе и отсвири крај на средбата која заврши 1:1. Ова ги разбесни играчите на Звезда, но и тренерот Дејан Станковиќ кој смета дека неговите фудбалери заслужиле последна шанса за погодок.
– Моите момци покажаа храброст, верба и знаење. Не покажаа само борба, покажаа дека во овој тим има логистика, фудаблско знаење. Повторно го доигравме мечот со 10 играчи против Милан и одигравме одлично. Знам што направивме во овие 180 минути и немам намера да плачам, горд сум на овие момци.
– Секогаш ќе бидам на нивна страна, напорно работиме цела година и клубот верува во мене. Јас сум млад и ова е мое прво тренерско искуство, но јас не играв крикет претходно. Играв фудбал 25 години и знам како одат работите во оваа игра. Создадовме одличен тим, имаме одлична стартна позиција. Ова е мојот клуб, мојот град, моите бои, местото кадешто израснав. Нормално е што бевме бесни и лути на крајот. Тоа беше нашата последна шанса за која се изборивме во последната минута. Требаше да ни го остави корнерот. Да беше за Милан, тие сигурно ќе го изведеа, му порачав на судијата дека требаше да ги награди момците со корнерот за тоа што ги оставија своите животи на теренот. Не плачам, но ќе беше убаво да го изведевме корнерот, – изјави Станковиќ.

- Италијапред 17 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 17 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 15 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 16 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 15 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Францијапред 17 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Светпред 13 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Италијапред 17 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)