Поврзете се со нас

Балкан

Станковиќ го изведе корнерот кој судијата не го дозволи на „Сан Сиро“, „делиите“ во транс (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Екипата на Црвена Звезда покажа многу на пресметките со Милан и лесно можеше да направи големо изненадување и обезбеди место меѓу 16 најдобри во Лига Европа.

На вчерашната средба на „Сан Сиро“, српскиот претставник беше конкретен, опасен и до последната секунда се бореше за пласман во следната фаза. Колкава беше желбата за успех говори и бурната реакција која сите играчи и тренерот Дејан Станковиќ ја имаа на одлуката на судијата Хесус Хил Манзано кој не дозволи да се изведе корнерот во 93 минута со образложение дека е истечено времето за игра.

Денеска „црвено-белите“ се навратија на таа ситуација и тоа на тренингот каде тренерот Станковиќ го изведе корнерот, Павков даде гол со што настана голема гужва на теренот, но и на трибините каде беа популарните „делии“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни