Поврзете се со нас

Германија

Станишиќ доби прв повик од Далиќ, објасни зошто ја одбил понудата на Германија

Објавено

на

Фото: FC Bayern facebook page

Германската фудбалска федерација се обидуваше да го убеди Јосип Станишиќ да настапува во националниот тим предводен од Ханси Флик, но талентираниот десен бек на Баерн се одлучил за Хрватска.

Откако веќе ги покажа квалитетите во составот на германскиот првак, Станишиќ доби понуди од двете селекции, но се одлучил за понудата на земјата каде се родени неговите родители.

– Мојата фамилија потекнува од Славонски Брод, па за мене е сон да настапувам за хрватската репрезентација.

– Хрватската федерација и селекторот со месеци разговараа со мене и ми ја претставија мојата улога во проектот, едвај го чекам овој нов предизвик, – изјавил Станишиќ.

Хрватскиот селектор Златко Далиќ денеска го објави составот за октомвриските квалификациски дуели, а Станишиќ се најде на него и веројатно ќе добие шанса и да дебитира за оваа селекција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни