Репрезентација
Станиќ: Ќе има промени, новата генерација располага со голем квалитет и потенцијал
Горан Станиќ го прифати предизвикот и во иднина ќе ја води македонската фудбалска репрезентација до 21 година.
Тој доаѓа на местото на искусниот Драги Канатларовски кој беше разрешен од функцијата поради лоши резултати со ндадежите. Ова за актуелниот предводник на Работнички е враќање на репрезентативната сцена затоа што во минатото успешно ги водеше селекциите до 17 и 19 години.
– Пред се сакам да се заблагодарам на претседателот и неговиот тим во федерацијата за укажаната доверба. Да се биде предводник на репрезентативен состав само по себе претставува голема чест и привилегија, но оваа функција носи и голема одговорност.
– Многу добро знам што ме очекува и максимално подготвено влегувам во предизвикот. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата и довербата што ја добив. Секој предизвик носи своја тежина. Во мојата кариера секогаш сум бил сериозен, професионален и посветен кон работата, така ќе биде и овој пат.
– Имав единствена можност да бидам селектор на сите млади генерации од 16 до 19 години. Доживеав прекрасни моменти и имав незаборавно искуство во тој период во кој остваривме два успешни квалификациски циклуси и ја исполнивме поставената цел, пласман во елитната фаза на квалификации, првиот пат со селекцијата до 17 години, вториот со репрезентацијата до 19 години, што секако само по себе претставуваше голем успех и сатисфакција, -вели Станиќ кој верува во новата генерација на македонски фудбалери.
– Новата генерација Македонија до 21 несомнено е дека располага со голем квалитет и потенцијал. Голем дел од фудбалерите веќе се стандардни во своите екипи и имаат стекнато прволигашко искуство. Повеќето од играчите добро ги познавам. Располагаме со квалитет што ни дава за право да се надеваме на добри резултати.
– Очекувањата од претходниот квалификациски циклус за пласман на ЕП беа големи, особено по одличниот старт и победата над Шведска во првото коло на гостински терен. Мислам дека имавме потенцијал да оствариме подобар пласман, но не оди секогаш според планираното.
– Планирам да имплементирам мои методи и принципи на работа во кои цврсто верувам и мислам дека ќе ни дадат резултат. Битно е фудбалерите да разберат што е тоа што ќе се бара од нив, а моја ќе биде одговорноста како и на кој начит ќе им го презентирам тоа, а се со цел да имаме подобра комуникација и разбирање на теренот.
– Промени ќе има, со оглед на тоа што ова е нова генерација. Фудбалерите што беа дел од претхоните квалификации немаат право за настап во следните квалификации, така што е природно да има промени. Во следниот квалификациски циклус право на настап ќе имаат фудбалерите родени во 2004 и 2005 година, но секако дека ќе добијат можност и некои фудбалери кои се родени 2006 година, -порача селекторот на надежите.
-
Англија16 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија18 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација11 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија9 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија22 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Германија13 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Шпанија8 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)