Станиќ дециден: Не доаѓам во Вардар, завршив со играње ракомет

stanic

39-годишниот Дарко Станиќ, поранешен српски репрезентативец и миленик на скопската публика од времето кога го носеше дресот на Металург,  по се изгледа нема да потпише договор и да настапува во редовите на европскиот шампион Вардар.

Како што се шпекулираше изминатиов период, Станиќ требаше да го облече дресот на Вардар од идната натпреварувачка сезона и да го наследи Арпад Штербик, но работите стојат поинаку.

– Нема ништо од приказната за ангажман во Вардар. Завршив со ракометот и почнав да работам. Моите обврски започнаа од минатата недела во Министерството за млади и спорт на Србија и со тоа планирам да се занимавам во иднина, – изјави Станиќ за сајтот ,,Балкан-Хендбол”.

Facebook Коментари