Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Стандарден стартер на Барса стана вирален хит: Гасперини? За кој играч станува збор….. (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Алехандро Балде во најавата за мечот во Лигата на шампионите против Аталанта говореше за немилата расистичка епизода од која беше дел на гостувањето кај Хетафе, па иако доста смирено ја остава таа епизода зад себе, левиот бек на Барселона го привлече вниманието поради еден одговор во продолжениот од пресот.

Стандардниот лев бек на Барселона е добро запознаен со одличната игра на Аталанта и во обраќањето нагласи дека италијанскиот тим ја освои Лигата на Европа минатата сезона, но затоа не знае кој е тренерот кој го води тимот.

Во низата прашања кои му беа поставени од италијански новинари, Балде беше запрашан што мисли за играта која ја негува Џан Пјеро Гасперини, по што Балде се чудеше и мислеше дека му поставуваат прашање за некој играч од Аталанта.

– Како беше второто прашање, за кој играч ме прашувавте?

– Гасперини? Кој е тој….., – запраша Балде, а откако му беше објаснето, само додаде.

– Немав идеја за кого се работи, претпоставувам дека е добар тренер……..

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни