Поврзете се со нас

Светски првенства

Станчиу: Ристовски ни се извини за лошиот терен, не заслуживме повеќе од бод

Објавено

на

Романија беше во подредена улога во најголемиот дел на средбата против Македонија во Скопје, но гостите се одбранија и освоија бод кој може многу да значи во битката за втората позиција на табелата.

Со овој резултат Романија воедно е и подобра од Македонија во меѓусебниот дуел, па затоа тие се задоволно што останаа непоразени на „Тодор Проески“ во ситуација во кои им недостасуваа неколку играчи.

-Не заслуживме повеќе од бод. Со оглед на случувањата на теренот овој бод и навистина е добар за нас. Тешко е да се одиграат три меча во шест дена со две патувања. Игравме против квалитетна репрезентација и бевме малку претпазливи. Ќе биде неизвесно за второто место во групата до последното коло, -истакна Николае Станчиу кој воедно откри дека капитенот Стефан Ристовски им се извинил за лошиот терен во Скопје.

-Капитенот на Македонија ни се извини пред натпреварот. Теренот во Скопје беше незгоден за игра, тревникот беше чуден. Не знам како Македонците играта на тој терен, -дополни членот на Славија Прага.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни