Станаа родители: Ивановиќ и Швајнштајгер добија син

ana-bastijan

Некогашната најдобра тенисерка на светот, Ана Ивановиќ и германската фудбалска ѕвезда, Бастијан Швајнштајгер станаа родители, информираа медиумите на Балканот и пошироко.

Ивановиќ се породила по природен пат во Чикаго, а на овој свет донела здраво машко дете кое според информациите ќе го носи иметот Лука. Честитки за Ана и Бастијан кои се во брак од 2016 година доаѓаат од сите сите страни, од нивните пријатели, колеги, фанови, а кон истите секако се приклучува и редакцијата на „Дерби“. Да биде здраво, среќно, весело и успешно како нивните родители.

Facebook Коментари