Англија
Стам за слабите точки и играчите кои му се потребни на Јунајтед: Аморим знае…
Манчестер Јунајтед пред некое време се откажа од Ерик Тен Хаг и го назначи Рубен Аморим за нов предводник на екипата.
Португалецот пристигна на „Олд Трафорд“ по одличната епизода во Спортинг Лисабон, но тоа е една приказна, а „црвените ѓаволи“ се сосема друга и сигурно не му е лесно во овој прв период од мандатот. Јунајтед се мачи, повторно го нема посакуваниот баланс и повеќе од јасно е дека ќе треба да се направат доста промени почнувајќи од 2025 година, односно користејќи ги можностите за активност на трансфер пазарот.
Јап Стам како поранешн играч на англискиот великан дефинитивно посакува истиот да се врати на победнички патеки, ама и тој потенција дека екипата има доста слабости и оти ќе мора да се крене нивото на игра ако се скаат успеси во блиска иднина.
-Можевме да видиме што Ерик тен Хaг се обидува да направи во Манчестер Јунајтед и како сака да игра, уште од времето во Ајакс, но играчите се мачеа. Тоа зависи и од менаџерот, но и од играчите и дали тие можат да го спроведат планот за игра што ги учат кога се во прашање натпреварите.
-Тоа е истото големо прашање сега со Аморим како и со Тен Хаг, дали играчите можат да се прилагодат и да доминираат во натпреварите во неговиот систем со тројца во одбраната. Во моментов сè уште не е многу доминантно во тоа како тие играат во новиот систем и покрај тоа што имаше неколку победи што беше слично за Тен Хаг за време на неговиот почеток во клубот.
-Мислам дека менаџерот знае дека тимот сè уште не е на ниво на стандардите, затоа ќе има интерес за преодниот рок и барање на играчи кои можеби ќе треба да се потпишат и играчи кои би можеле да тргнат во друга насока. Потребни ви се дефанзивци кои можат да играат на големи простори, особено кога крилните бекови се високо на теренот и двајца играчи од средниот ред кои можат да бидат добри во посед, но и да имаат нозе да се креваат и спуштаат на теренот.
-Напаѓачите треба да бидат способни да трчаат од втор план, но и да паднат на длабоки позиции, затоа менаџерот ги тестира сите и гледа дали можат да се претстават според неговите стандарди. Видовме некои играчи се борат со интензитетот на Премиер лигата, -вели Стам кој воедно смета дека Јунајтед направи грешка со продажбата на Скот Мектоминеј во Наполи.
-
АТП15 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија24 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија22 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
АТП23 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Шпанија13 часа
Апелацискиот суд донесе пресуда за инцидентот на Винисиус со Димитриевски
-
АТП19 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Анчелоти пронајде само една светла точка во болниот пораз од Барса
-
АТП21 час
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)