Англија
Стам: Никој не веруваше во Ван Дајк, сега тој е…
Вирџил Ван Дајк во изминативе неколку години стана вистински пример за столб во одбраната, играч покјра кого исте играчи се чувствуваат сигурно, се подобри и тоа се гледа по успесите на Ливерпул, но и резултатите на Холандија која полека се крева и доаѓа на соодветното ниво.
За стоперот на Ливерпул веќе се појавија ставови од значајни имиња дека тој е најдобриот на својата позиција во историјата на Премиер лигата со што јасно покажува каков импакт, влијание имаше врз неговиот клуб, но и воопшто играта.
Овој напредок на Вирџил го поздрави неговиот сонародник Јап Стам на кого му е драго што играчот во кој никого не веруваше се трансформираше во лидер.
-Добро да се види друг холандски дефанзивец како один кон таа висина и се развива на одреден начин затоа што Вирџил на почетокот на неговата кариера, дури и кога играше во Холандија за Гронинген, никој не веруваше во него или не го гледаше како врвен дефанзивец.
-Големите тимови во Холандија не сакаа да го купат, а потоа тој реши да замине во Шкотска за да игра за Селтик. Неговиот развој таму беше одличен, играњето во друга лига, многу тешка лига, добри играчи, станувајќи подобар играч за себе за тимот.
-Исто така им помага на играчите што ги имате околу вас, тие треба да ви помогнат во одредени периоди за да станете подобар играч, па вие можете да научите и да можете повеќе да се изразите. Потоа го направи чекорот во Премиер лигата во Саутемптон, повторно тешка лига, подобра лига од шкотската, подобри играчи околу него, исто против него и секако одличен развој што ви кажува нешто за него, каков е како личност, како играч.
-Мора да бидете свој како играч кој сака да се развива, треба да научите од ситуации во кои сте, тоа го направил.
-И сега во Ливерпул, повторно голем чекор, голем клуб, многу квалитетни играчи, тој е голем лидер во тој тим, но се разбира и другите играчи околу него му помагаат. Тоа е многу добра комбинација и добро е да се види дека исто така настапува и во националниот тим, -истакна Стам.
-
Македонија19 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија22 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија21 час
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Европски првенства21 час
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 120 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
Италија11 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Свет15 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Првиот човек на Атлетико го прекина молкот: Сонот ни беше урнат поради една застрашувачка алатка