Поврзете се со нас

Англија

Стам има предлог засилување за Јунајтед: Одлично би се вклопил во системот, може да…

Објавено

на

Јап Стам дел од својата кариера мина во редовите на премиерлигашот Манчестер Јунајтед, период кој беше многу успешен за клубов со титули во Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите.

Сега Јунајтед е далеку од тие времиња, најважните титули во најдобрите натпреварувања, меѓутоа „црвените ѓаволи“ се стермат кон тоа да се подобрат, да се вратат на вистинскиот пат, па така Стам даде еден предлог до клубот за засилување.

Тој смета дека Џереми Фримпонг може да биде идеално засилување за составот што го предводи Рубен Аморим.

-Фримпонг може да игра како десен „вингбек“, играјќи како десно крило и десен бек. Има брзина и е многу директен и може да постигнува голови, како и да создава шанси за соиграчите. Мислам дека тој би бил многу интересен играч за Манчестер Јунајтед, би одговарал на стилот на игра на десната страна.

-Единствениот проблем може да биде доколку клубот не сака да продолжи да носи холандски играчи. Но, тој има многу квалитет и се снаоѓа толку добро во тешката дивизија во Германија, мислам дека одлично би одговарал за системот во Јунајтед, -вели Стам.

Фримпонг од 2021 година е дел од Баер Леверкузен со кого има договор до 30 јуни 2028 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни