Светски првенства
Стајнс за завршниот чин во Вараждин: Вакви сцени се недозволиви на еден мундијал

Данските судии Мадс Хансен и Јеспер Мадсен ќе останат во лошо сеќавање на „Фалангата“ и македонската спортска јавност, од едноставна причина што овие арбитри дополнително ја усложнија работата за нашата селекција и на онака тешкиот натпревар против Холандија.
Скандинавската двојка како да сакаше да го тестира трпението на македонските репрезентативци и фанови на трибините, па на крајот нивниот критериум предизвика да видиме и немили сцени во Вараждин, односно завршни сцени какви што не се паметат во поскоро време на светските првенства.
Холандските ракометари не дочекаа спортски да се поздрават со македонските играчи и избегаа во соблекувалните откако почнаа да летаат разни предмети од трибините, па сето ова направи оваа ситуација да биде топ тема на разговор во противничкиот табор.
Главната ѕвезда Лук Стајнс беше нерешлива енигма за нашата одбрана, а ракометарот на ПСЖ во своето обраќање за домашните медиуми не пропуштил да нагласи дека работата на крајот излегла од контрола.
– Како што одминуваше времето, работите стануваа од лоши – полоши. На крајот од натпреварот, моравме и да се засолниме и да не се ракуваме со противниците. Нивните навивачи се обидоа да ги прескокнат оградите во обидот да влетаат на теренот. Вакви сцени не смеат да се дозволат на ова ниво, – изјавил Стајнс, додека помошникот на холандскиот селектор најавил дека ќе биде доставена жалба до Светската ракометна асоцијација.
– Тоа што се случи на крајот беше застрашувачки, но за среќа никој не заврши со повреда. Сигурно нема да оставиме работите да завршат вака, веќе подготвуваме извештај за случувањата на крајот. Вакво однесување не е прикладно за еден ракометен терен, – порачал Ваи Вонг.
-
Лига на шампиони17 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Лига на шампиони16 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Шпанија24 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Италија22 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција23 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА23 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија17 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони13 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)