Поврзете се со нас

Германија

Ст. Паули стана прв тим кој направил четири замени истовремено

Објавено

на

Германскиот второлигаш Ст. Паули ќе влезе во фудбалската историја како прва екипа која истовремена направила четири замени на официјален натпревар.

Денеска Ст. Паули имаше проблеми на дуелот со Дармштад уште од 7. минута кога домаќините поведоа, а до истекот на две третини од мечот немаше никакви промени.

Тоа го мотивираше гостинскиот тренер Јос Хулукај да направи дури четири замени истовремено во 61. минута, нешто што досега се нема случено не само во Германија, туку веројатно и во глобални рамки.

Ваквата можност е отворена откако ФИФА дозволи по пет замени за екипите, обидувајќи се да им помогне во периодот по паузата предизвикана од коронавирусот.

Сепак, Ст. Паули не само што немаше корист од „хокеарската измена“, туку на крајот загуби со 4:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни