Српските репрезентативци удрија по Цветковиќ: Во пијана состојба не водеше на ЕП, отиде во Скопје да го гледа Тоскиќ, а тој игра во Горење!

srbija

Српската ракометна репрезентација немаше некој позабележителен настап на Европското првенство во Хрватска, но кога е во прашање нашиот северен сосед и ракометот секогаш има одредени скандали и прекупувања.

Така е и овој пат, а во главна улога се репрезентативците и селекторот Јовица Цветковиќ. Ракометарите го дигнаа својот глас и го возвратија ударат посочувајќи оти Цветковиќ во пијана состојба ги водел на шампионатот, за седум дена биле потрошени 1200 евра за алкохол, а воедно посочија дека тој воопшто не ги познавал играчите, поточно не ги знае сегашни состојби и каде истите настапуваат.

Пример за тоа е Алем Тоскиќ кој Цветковиќ го барал во Скопје во Вардар, а тој веќе одредено време е во Горење Велење.

-Да тргнеме од основата, неинформираност. Зар е возможно селектор на една земја да не знае во кој клуб му играат играчите. Зар е можно селекторот да го праша капитенот Шешум како е во Левен незнаејќи дека тој веќе четири години е во Гепинген! Зар е возможно селектор да му постави прашање на репрезентативецот Богдан Радивојевиќ: Каде си сега мали? Зар е можно селекторот да отиде во Скопје и да направи разговор со Тоскиќ, а тој игра во Велење? -се вели во соопштението кое ОВДЕ целосно можете да го причитате.

Facebook Коментари