Поврзете се со нас

Светски првенства

Српските медиуми јавуваат: Македонија фаворит за „вајлд картата“ за Светското првенство

Објавено

на

blank

Поради пандемијата предизвикана од коронавирусот од ЕХФ одлучија да не се одиграат бараж средбите за пласман на ракометниот Мундијал.

Македонија требаше да игра со Франција, но одлуката беше најдобро рангираните селекции директно да се пласираат на Мундијалот, а две репрезентации да добијат „вајлд-карта“.

Меѓународната ракометна федерација ,ИХФ, одлучи четири репрезентации да се борат за дополнителните две места за Светското првенство, а меѓу нив е и нашата Македонија.

Српскиот медиум „Б92“ пренесува дека Србија заедно со Русија и веќе отпишаната Црна Гора ќе извисат за добивањето на „вајлд- картите“ кои ќе им припаднат на Македонија и Полска.

Првиот човек на ИХФ, Хасан Мустафа потврди дека нема шанса да се одложи Светското пвенство кое ќе се игра во Египет.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни