Поврзете се со нас

АТП

Српските медиуми го открија говорот на Ѓоковиќ пред другите српски спортисти во олимпиското село

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ вчера стави крај на едно долго чекање и после цели 16 години го оствари својот животен сон, односно комплетираше еден тениски циклус кој нависитна е тежок за повторување.

Откако ги освои сите Мастерси и сите грен слем турнир на кои настапи во кариерата, Ѓоковиќ на 37-годишна возраст стана и олимписки шампион, а со тоа стигна до толку посакуваниот „Златен слем“, достигнување до кое претходно стигнаа само Андре Агаси и Рафаел Надал во машка конкуренција.

Ѓоковиќ стигна до големиот успех по тешка и макотрпна борба со Карлос Алкарас во големото финале, но после сите емоции и прославата која ја видовме на теренот, српските медиуми се погрижија да го дознаеме и неговиот говор од олимпиското село.

За да биде целосно изолиран и да остане максимално фокусиран на остварувањето на целта, оваа година Ѓоковиќ не беше сместен во олимпиското село, но по освоениот златен медал, се упатил токму таму и одржал говор пред сите други српски спортисти.

– Многу сум ви благодарен, не очекував да славиме на ваков начин, ми го разубавевте успехот, ова е и ваш успех. Ова е успех на Србија! Вие ме задолживте, никогаш нема да ве заборавам во животот, Олимпијадата е нешто најубаво. Со ова освоено злато, сакам да ви го покажам патот.

– Не сакам да должам, но имам чувство и потреба да ви го кажам ова: Ништо не е невозможно во животот, ова е моја петта Олимпијада. Јас имам 37 години, 20 години се занимавам со тенис, тоа е спорт кој многу троши. Кај нас на 30 години се завршуваат кариерите. Ако не успеев тука, ќе продолжев да пробувам. Секогаш има нова шанса, тоа е она што сакам да ви го кажам. Водете сметка за себе и бидете најдобра верзија од себе секој ден, не само на натпреварите, – им порачал Ноле на своите сонародници во олимпиското село.

Реклама
Реклама

Италија

Италијапред 12 часа

Ова ретко се гледа: Де Лаурентис пролеа солзи при говорот за Наполи, новинарите му дадоа аплауз (Видео)

Аурелио Де Лаурентис пред два дена прослави 20-годишнина од денот кога првпат го презема Наполи, клуб кој под негово водство...

Италијапред 18 часа

Капело прозва една ѕвезда по хаотичниот период во Милан: Време е да стане маж и да стави крај на детските каприци

Милан тргна многу лошо во ерата на Пауло Фонсека и се уште нема освоено бод во Серија А, но далеку...

Италијапред 20 часа

Бобан: Ибрахимовиќ направи колосална грешка…

Златан Ибрахимовиќ доби нова улога во калчолигашот Милан, улога во која имаше доста влијание во трансфер операциите на клубот, потези...

Италијапред 1 ден

Тоти: Де Роси може да заврши како Мурињо

Рома лошо ја започна натпреварувачката 2024/2025 во италијанската Серија А каде по три кола освои само два бода иако реално...

Италијапред 1 ден

Сари за клубот што сака да го води: Имам луд сон…

Маурицио Сари доста долго е активен на тренерската сцена со тоа што неговото име доби на тежина, популарност од 2015...

Реклама

Популарни