Поврзете се со нас

Свет

Српските медиуми ги пренесоа првите детали за немилата глетка и ненадејната смрт на Оџо

Објавено

на

Кошаркарска Србија со огромна тага ја пренесува веста за трагичната смрт на доскорашниот играч на Црвена Звезда, Нигериецот Мајкл Оџо кој денеска ненадејно ја загубил свеста при индивидуален тренинг.

Човекот кој до минатата година настапуваше за Црвена Звезда остана во изминатиот период во Белград во обид да си пронајде нов ангажман, но за жал, денешниот тренинг одржан во тренинг комплексот на Партизан се покажа како последен во неговиот живот.

Српските медиуми со неверица ја пренесоа веста која пристигна пред неколку часа, а сега ги објауваат и првите детали за трагедијата која никој не можеше да се предвиди.

Според последните информации пренесени по изјави на очевидци, Оџо одеднаш се потпрел на ѕидот под кошот и без свест паднал на земја, па иако Бразата помош брзо стигналата на местото на настанот, медицинските лица не успеале да го реанимираат кошаркарот.

Угледниот „Телеграф“ тврди дека причина за смртта е срцев удар а кој претходно немало никаква најава, но во своајта вест исто така додава дека 27-годишниот Нигериец пред извесно време го прележал коронавирусот, но добил дозвола да се врати на тренинзите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни