Поврзете се со нас

НБА

Српскиот претседател Вучиќ врши притисок врз Јокиќ: Имам една молба…

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Српскиот претседател Александар Вучиќ е голем спортски фан и често знае да биде во центарот на вниманието пред важни настани, но покрај подготовките кои се актуелни за Европското првенство, новинарите од нашиот северен сосед побарале мислење од мандатарот за одлуката која треба да ја донесе Никола Јокиќ.

Најдобриот играч во НБА лигата не беше дел од Мундобаскетот минатата година поради акумулиран замор, па доколку не настапи и на Олимписките игри, тоа ќе му донесе навистина негативен публицитет во родната земја.

Медиумите вршат се поголем притисок врз ѕвездата на Денвер и засега нема никаква информација на оваа тема, па Вучиќ како претседател се реши да испрати една молба до Јокиќ.

– Јас навистина многу го сакам Јокиќ, м ногу го почитувам. И него и нговото семејство, па ако може, ќе испратам една молба. Барам да одговори позитивно на повикот од селекторот за Олимписките игри.

– Канаѓаните ќе бидат многу добри со Џамал Мареј и Шеј Гилџес Александер, а тука секако се и Американците. Ако некој може да ги победи, тоа сигурно е само Србија, – вели Вучиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни