Поврзете се со нас

Свет

Српскиот претседател Вучиќ почестен од средбата со големиот шампион Панчев (Фото)

Објавено

на

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера беше гостин во македонската престолнина, а покрај тоа што се сретна со државниот врв, посетата на Скопје ја искористил и за да се сретне со еден од најголемите спортисти во нашата историја.

Дарко Панчев е симбол за македонскиот и југословенскиот фудбал, па Вучиќ како голем фан на Црвена Звезда, не ја пропушти шансата да седне на иста маса со неповторливиот голгетер од Скопје.

Панчев своите најубави фудбалски денови ги имаше во Црвена Звезда кога важеше за најубиствен напаѓач во светот, тим со кој успеа да ја освои европската и светската титула.

– Со македонската и југословенска легенда, Дарко Панчев. Чест ми е што можев да се сретнам со големиот шампион, – пораша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни