Поврзете се со нас

Светски првенства

Српскиот голман Рајковиќ со бизарен потег го честеше Азербејџан (Видео)

Објавено

на

Фото: Twitter.com/FSSrbije

Српската фудбалска репрезентација мора да го победи Азербејџан на домашен терен ако сака да задржи сериозни шанси да се пласира директно на Светското првенство во Катар.

Селекторот Драган Стојковиќ-Пикси направи многу принудни промени во составот, но неговата селекција по половина час игра имаше предност откако Влаховиќ реализираше пенал.

Кога фановите во Белград беа убедени дека Србија ќе има барем минимална предност на полувреме, на сцена стапи српскиот голман Предраг Рајковиќ.

Рајковиќ претера во една ситуација кога му беше вратена топката, почна да се плетка и на крајот се заплетка со кобно додавање кое беше пресечено и претворено во гол од Махмудов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни