Поврзете се со нас

Свет

Српски тренер го турна предводникот на ривалот и сакаше да се пресмета со сопственикот на Литвос (Видео)

Објавено

на

Српскиот кошаркаркски стручњак Ненад Чанак, го привлече вниманието со своето контроверзно однесување на натпревар од литванското првенство.

Тренерот на Литкабелис збесна откако не беше досудена лична грешка по еден погруб удар над негов кошаркар и оттогаш започна вистински хаос на теренот.

Чанак влезе во жесток вербален дуел со судиите, потоа го оттурна противничкиот тренер на Литвос Ритас, за кулминацијата да биде обидот да се пресмета со сопственикот на противничкит клуб.

Ваквото однесување на Чанак предизвика хаос и на теренот, бидејќи подоцна и играчите на двете екипи реагираа нервозно и сакаа да делат правда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни