Поврзете се со нас

НБА

Српски репрезентативец за потегот на Леброн: Што ќе направеше ако го плукаа? Требаше да…(ВИДЕО)

Објавено

на

Леброн Џејмс беше најзаслужен што Лос Анџелес Лејкерс успеа да слави над Индијана Пејсерс со 124-116 во драматичниот меч што се одигра во Индијанаполис.

„Кралот“ ја одигра најдобрата партија во оваа кампања и даде 39 поени со 5 скока, 6 асистенции, 1 украдена топка и 2 блокади. Ова воедно беше дуел кој најдобра ја покажа моќта на Џејмс кој во текот на натпреварот успеа да се ослободи од навивачи кои го наредувале него и семејството крај аут линија.

Бесниот Леброн избрка навивачи од салата, па креираше НБА бравура за победа на Лејкерс (Видео)

Леброн не сакаше повеќе да ги трпи фановите, тоа му го соопшти на судијата по што реагираше обезбедувањето кое исфрли момче и девојка од првите редови. Има различни коментари за овој потег на „кралот“, а еден од нив дојде дојде српскиот репрезентативец Данило Анџушиќ кој се огласи преку социјалните мрежи.

-Требаше да ја земе топката и да си замине дома со баскетот. Што би направил ако му ги мрдаат кошевите и го плукаат, -напиша членот на Монако.

Данило многу добро знае што се случува на овие простори и сигурно ова го говори од искуство некогашниот кошаркар на Партизан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни