Поврзете се со нас

Англија

Српски репрезентативец ќе му биде замена на Кејн во Тотенхем

Објавено

на

Новио тренер на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто од управата на клубот ќе бара ангажман на нов напаѓач кој ќе делува како резервна опција за Хари Кејн кој се очекува и следната сезона да биде ударна игла во тимот.

Тотенхем нема класичен напаѓач кој би го заменил Кејн, по заминувањето на Карлос Винисиус кој една година помина во клубот како позајмен играч.

Според „Телеграф“, Фабио Паратичи повторно ќе се сврти кон италијанскиот пазар и ќе се обиде да го донесе српскиот репрезентативец и член на Фиорентина, Душан Влаховиќ.

Фиорентина за српскиот репрезентативец ќе бара сума од 50 милиони фунти, сума која е преголема за Тотенхем и која ќе биде преговарана во следниот период.

Тотенхем досега го ангажираше Пјерлуиџи Голини од Аталанта, а во моментов притиска за Кристијан Ромеро кој исто така игра во клубот од Бергамо. Со доаѓањето на Фабио Паратичи на функцијата спортски директор станува јасно дека клубот ќе се насочи кон италијанскиот пазар во следниот период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни