Поврзете се со нас

Шпанија

Српски „Курир“: Јовиќ паднал од висок ѕид и едвај останал жив

Објавено

на

Лука Јовиќ предизвика уште едно големо разочарување во неговиот клуб Реал Мадрид, откако се врати во Шпанија со скршеница на ногата.

Српскиот фудбалер ги известил лекарите дека повредата ја заработил за време на домашен тренинг, но медиумите во неговата земја предводени од „Курир“ објавија дека Јовиќ всушност ги лажел членовите на лекарскиот тим на Реал.

Тој ја заработил скршеницата на стапалото по пад од висок ѕид, а „Курир“ пренесува изјава од негов роднина.

– Сериозно се повреди, едвај остана жив. Падна од еден ѕид, не знам како успеа, но тоа беше случајно, – изјавил анонимен роднина на Јовиќ за „Курир“.

Во оваа насока оди и изјавата на шпанскиот специјалист Хозе Гонзалес, кој за медиумите во својата земја ја коментирал повредата на фудбалерот на Реал Мадрид.

– Коската која ја скршил Јовиќ е чувствителна на тежината на телото, но е отпорна на надворешни удари. Во најголем број случаи, до нејзино кршење доаѓа поради насилна траума или пад од голема височина. На почетокот таа се санира со мирување и физиотерапија, – изјавил Гонзалес.

Покрај фактот што несериозниот Јовиќ се повредил на ваков начин во многу важен момент, во Реал се лути и поради неговото лажно тврдење за начинот на кој се повредил, па дури се сомневаат дека сакал и да ја пријави повредата по првиот тренинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни