Поврзете се со нас

Македонија

Српски голман ќе го чува голот на Скопје

Објавено

на

Македонскиот ракометен прволигаш Скопје го промовираше првото засилување за натпреварувачката 2022/2023.

Нов член на тимот од македонската престолнина е српскиот интернационалец Никола Радовановиќ. Радовановиќ има 24 години и ја покрива голманската позиција, а во новата средина доаѓа од Рудар Костолац.

Инаку Никола потекнува од школата на Динамо Панчево и за него ова ќе биде прво интернационално искуство.

Претходно Скопје го потврди тренерот на новата сезона-тоа е поранешниот македонски репрезентативец Горан Кузманоски-Таста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни