Балкан
Српски фудбалер за заминувањето на Адеми: Повлечете го дресот со број 5

Аријан Адеми е вистински миленик на фановите на Динамо, но и на голем број соиграчи со кои настапуваше за време на долгиот престој во редовите на хрватскиот клуб.
Збогувањето на Адеми со Динамо инцицираше голем број емотивни пораки посветени на македонскиот репрезентативец, а една од најискрените и најсодржајните ја испрати Комнен Андриќ.
Андриќ му беше соиграч на Адеми од 2019 до 2022 година, а српскиот фудбалер побара повлекување на дресот со број 5, истакнувајќи многу комплименти за нашиот фудбалер.
– Повлечете го бројот 5 како почитување. 21 трофеј!!! Размислувам како да почнам.
– Легенда на клубот. Искрен, лут, чесен до срж, непоткуплив, авторитативен, борбен до последен атом, брат, пријател, советник, тоа се само дел од карактеристиките кои се дел од твојот идентитет.
– Играв со многу фудбалери досега, многумина се неверојатни, дел играат во големи клубови, но никогаш во кариерата не сум сретнал некој како тебе.
– Секогаш беше „гладен ѕвер“ на тренинг, на секој натпревар. За тебе не постои пораз, туку школо и лекција, – вели Андриќ во дел од својата порака за Адеми.
View this post on Instagram
-
Светпред 22 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 23 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Италијапред 9 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 21 час
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Лига на шампионипред 11 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
Лига на шампионипред 23 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
НБАпред 9 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)