Српската јавност бруи за ракометниот успех на Левче Китевски

levce kitevski na tribina

Поранешниот предводник на Металург, Левче Китевски, оваа есен го привлекува вниманието со својот ангажман околу нишкиот клуб Железничар.

Српската јавност еруптираше откако минатото коло беше остварена победа над Црвена Ѕвезда во Белград што дефинитивно ги исфрли како „есенски хит“, а синоќа беше прокнижена уште една победа во гости кај Шамот, со што Железничар по 8 кола го има првото место со 15 бода, односно четири повеќе од најблискиот ривал.

Нишкиот весник „Народне новости“ во својата сторија го ословува Китевски како „алфа и омега на ренесансата во Железничар“, иако тој де факто не е вклучен во тимот, туку како претставник на групацијата „БСИЕ“ ги делегирал своите соработници Иван Шмигиќ и Јошко Петровиќ да го водат тимот.

„Дерби“ успеа да дојде до изјава од Иван Шмигиќ, при што го прашавме дали е веќе искристализиран рецептот за тоа како се прави успешен тим.

– Јас можам само да ви кажам дека „скапо си ја продадов кожата“, но само за да научам 10% од она што го знае Левче Китевски. Се надевам дека претстојниот период ќе имам можност да дознаам уште повеќе,- изјави Шмигиќ за „Дерби“.

Во текот на следните две недели претстојат два дуели кои ќе го дефинираат ривалот на Железничар во продолжението на сезоната, бидејќи ќе се сретнат втората и третата екипа на табелата, поточно Црвена Ѕвезда и Слога, а потоа и Железничар гостува кај Слога. До зимската пауза има уште пет кола, а Железничар е на најдобар пат да биде есенски шампион.

levce kitevski narodne novine

Facebook Коментари