Поврзете се со нас

Евролига

Српска вечер во Евролигата: Партизан го освои Истанбул, Црвена Звезда блесна во Пиреја

Објавено

на

Кошаркарските великани од Србија имаа многу добар ден во Евролигата, бидејќи вечерва остварија победи против два елитни противници во најсилното кошаркарско натпреварување во Европа.

Партизан успеа да го победи Фенербахче среде Истанбул во враќањето на Жељко Обрадовиќ на добро познато место, а тоа го направи во еден тесен меч кој заврши со резултат 72:73.

Фенербахче беше голем фаворит на оваа средба, имаше предност од 11 поени при крајот на третата четвртина, но загуби во драматичната завршница и Партизан однесе голема победа, втора во низа во Евролигата и повторно над турски ривал.

Во мечот кој се одигра подоцна, Црвена Звезда пак беше подобра од Олимпијакос на гостувањето во Пиреја, што значеше враќање на победите по поразот од Милано во претходното коло.

„Црвено-белите“ славеа на „жешкото“ гостување со 86:90 и уште еднаш покажаа карактер, па сега се искачија на осмото место на табелата во Евролигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни