Поврзете се со нас

Свет

Српска легенда со жестоки критики за Пешиќ: Каде беше последните 15 години?

Објавено

на

foto:www.facebook.com/KSSrbije

Српскиот селектор Светислав Пешиќ последниве години се залага за формирање на српска професионална лига на сметка на учество на клубовите во АБА лигата, а предизвика различни коментари со најавата дека на српската кошарка и се подготвува допирање на дното, по примерот на она што се случува во Хрватска.

Пешиќ со овој став предизвика реакција и кај легендарниот српски кошаркар, Жарко Паспаљ, кој во изјава за хрватски портал му одговорил на селекторот.

– Тој го зборува тоа последните четири години. Мајсторе, каде беше изминатите 15 години?

– Не ти беше грижа затоа што работеше во странство. Мислам дека е лицемерно да предупредува за тоа сега, кога е тука и од прва рака видел што се случува. Ова го знаеме во последните 15 години, а што направи тој и сите други големи тренери за тоа? Што направија за да ги поттикнат младите тренери и младите играчи на кој било начин? Не ми е баш пријатно да зборувам на таа тема, затоа што мислам дека не можеш да имаш два различни аршина.

– Се согласувам, ако продолжиме вака, ќе ни се случи хрватскиот пример, но имаше 15 години да зборува за тоа и каде беше? Не ти беше гајле кога беше во странство, тогаш не те интересираше Србија. Сега си тука, потпиша пристоен договор и одеднаш имаш што да кажеш. Тоа што го направи Пешиќ на клупата на Србија е одлично, тоа никој не може да му го одземе, но се друго… Подобро да молчам, – рекол Паспаљ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни