Поврзете се со нас

Свет

Срна за проблемите на Шахтјор: ФИФА е најголемо разочарување

Објавено

на

Поранешниот хрватски репрезентативец, Дарио Срна, не го крие разочарувањето од ФИФА и нејзиниот однос кон Шахтјор како клуб кој гордо ја претставува Украина во европските купови, додека во земјата се случува војна.

Поранешниот играч, а сега директор на Шахтјор зборувал за актуелната ситуација на клубот кој одамна мораше да го напушти Доњецк, а е домаќин во ЛШ во Варшава.

– Изнуденото напуштање на домот е најтежок момент за нас. Игравме во Лвов, Одеса, Харков, а потоа и во Варшава. Мојата ќерка ми се јавува и секој ден и кажувам дека сум во различен град. Понекогаш се будам и не знам каде сум.

– Живееме и играме со сирени, но мора да бидеме пример, исто како што украинската армија е пример за нас.

– За натпреварот против Реал моравме да патуваме 7-8 часа со автобус до Полска, а потоа уште 4 часа со авион, но никој од фудбалерите не се пожалил.

– ФИФА воопшто застана во наша заштита, не верувам дека вака ќе се однесуваше ако се работеше за Реал, Севилја или Баерн. Шахтјор придонесе многу за фудбалот изминатите 20 години, сакам да поканам некој од ФИФА да живее заедно со нас и да види како звучат сирените и бомбите. Имаме странски фудбалери чија вредност е меѓу 150 и 200 милиони евра, а ФИФА им ги замрзна договорите и им дозволи да заминат. Сите велеа дека ќе ни помогнат, дека не сакаат да ги добијат фудбалерите бесплатно, но на крајот клубовите ќе профитираат од нашата ситуација, – изјавил Срна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни