Свет
Срна издвои едно име пред гостувањето кај Реал: Да беше Бразилец, ќе вредеше 100 милиони евра! (Видео)
Воената инвазија во Украина силно го погоди и најдобриот фудбалски клуб од оваа земја, бидејќи Шахтјор беше приморан да ослободи најголем дел од своите бразилски ѕвезди, кои еспресно побараа од ФИФА да добијат раскин на договорите.
Во таква ситуација, играчи како Нерес, Фернандо, Патрик, Тете, Педрињо, Мајкон, Витао, Марлос, Дентињо и Додо си заминаа од Шахтјор, но спортскиот директор Даријо Срна вели дека ниту еден од нив не бил добар како ѕвездата од Украина која брилјира во последно време.
Пред денешниот меч со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, легендарниот хрватски репрезентативец направи интервју за „Марка“ и го смести Микајло Мудрик во топ четири најдобри леви крила во светот, ставајќи го во конкуренција на Мбапе, Винисиус и Нејмар.
Квалитетите на Мудрик се добро познати за фудбалските фанови кои ја следат Лигата на шампионите и тој веќе доби стоечки овации од „Сантијаго Бернабеу“ на последниот меч кој го одигра во престолнината, па сега пред враќањето на истото место, Даријо Срна не штедеше комплименти за 21-годишното крило.
– Загубивме дел од нашиот идентитет со заминувањето на бразилските играчи, но ќе ви кажам нешто. Ниту еден од Бразилците не беше добар како Мудрик. Не станува збор за демагогија, јас сум во фудбалот цел живот и можам да кажам дека тој е најдобар играч во Европа на својата позиција после Мбапе, Нејмар и Винисиус.
– Тој е неверојатен, поседува се што треба да поседува еден голем играч и тоа го покажува од меч во меч. Ја води топката со левата нога, со десната, оди без страв еден на еден и има само 21 година. Има многу понуди и засега не е загрижен за нив, само сака да ужива играјќи фудбал. Ако беше Бразилец, ќе вредеше 100 милиони евра. Но, ние нема да попуштиме, ако некој сака да го добие, ќе треба да плати многу пари. Знаеме како одат работите на трансфер пазарот и нема евтино да продадеме ваков играч, – вели Срна за „Марка“.
-
Италијапред 24 часа
Капело ги критикуваше клучните играчи на Милан и испрати совет до управата на клубот
-
Шпанијапред 22 часа
Чави имаше состанок со Лапорта, донесена е одлука за неговата иднина во Барселона
-
Англијапред 12 часа
Бесниот Ван Дајк испрати брутална порака до своите соиграчи по тешкиот пораз од Евертон
-
Италијапред 20 часа
Скамака даде атрактивен гол, Аталанта ќе го предизвика Јувентус во финалето на Купот (ВИДЕО)
-
Францијапред 22 часа
Шоу на Мбапе и Дембеле, ПСЖ на чекор од титула во Франција (ВИДЕО)
-
Англијапред 20 часа
Евертон по 14 години го совлада Ливерпул на „Гудисон Парк“, Јунајтед со нов меч со шест гола (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Потпретседателот на Барса објасни зошто Чави решил да остане тренер и наредната сезона
-
Шпанијапред 7 часа
Анчелоти ја искоментира конечната одлука на Чави и откри дека Куртоа направил чудо изминативе две недели