Поврзете се со нас

АТП

„Среќниот губитник“ ја режираше првата голема сензација на Вимблдон (Видео)

Објавено

на

Феликс Оже Алијасим остави зад себе катастрофални шест месеци во 2023-та година и оствари навистина лоши резултати, но иако со голем ентузијазам влезе на Вимблдон, лошата серија ја продолжи и во Лондон.

Канадскиот тенисер пристигна во Ол Ингланд клубот како 11-ти носител, но ќе мора да си оди од Лондон исто како што беше во Париз, односно уште по првиот натпреварувачки ден.

Оже Алијасим го режираше најголемото разочарување денеска во Лондон, или поточно, најголемата сензација ја направи „среќниот губитник“ кој го замени во ждребот Филип Крајоновиќ.

Американецот Мајкл Моу како 119-то рангиран тенисер воопшто не требаше да настапи на турнирот бидејќи испадна во квалификациите, но на крајот го замени Крајиновиќ и доби шанса да игра против Алијасим.

Моу максимално ја искористи оваа прилика и денеска славеше со 3:1 во сетови, со што само ја продолжи ужасната серија на резултати која ја има 22-годишниот Алијасим.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни