Среќниот гол на Коста спречи големо разочарување за Шпанија (Видео)

kosta-karva

Шпанија покажа навистина допадлив фудбал против Портуалија и без разлика на тоа што не победи ги освои симпатиите од светската спортска јавност, но иако оваа вечер важеше за апсолутен фаворит во дуелот со Иран, на крајот „фуријата“ многу потешко од очекувањата стигна до три драгоцени бода.

Иран предводен од Карлос Кеирош се покажа како исклучително цврст орев, а гранитната одбрана и дефанзивната тактиката која ја имаше португалскиот стручњак им нанесе многу проблеми на Шпанците кои едвај најдоа решение. Всушност, Шпанците постигнаа гол во исклучително среќна ситуација кога Диего Коста постина еден рикошет гол во противничкиот шеснаесетник, а на крајот тоа се покажа како клучен момент бидејќи претходно избраниците на Иеро никако не можеа да создата стопроцентна шанса.

По првиот гол кој пристигна во 54-та минута, голема шанса во продолжение пропушти Пике, додека на спротивната страна Тареми во 82-та минута пропушти колосална прилика да ги шокира Шпанците бидејќи неговиот удар од непосредна близина заврши над гредата.

Facebook Коментари