Поврзете се со нас

Свет

Среќниот гол на Барди го најави големиот пресврт на Трабзонспор (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Trabzonspor

Трабзонспор направи пресврт против Карагумрук и забележа победа на домашен терен со резултат 5:1, а добрата фаза на домашниот тим ја најави Енис Барди.

Македонскиот репрезентативец со доза на огормна среќа израмни на 1:1 пред крајот на првиот дел и ги разбуди подзаспаните домаќини, кои потоа во продолжение брутално го надиграа противникот.

Ударот на Енис со лева нога се одби од блокот и доби идеална траекторија во мрежата на гостите, па овој гол симна голем товар кај домашните фудбалери.

Во второто полувреме, гостите дури четири пати ја вадеа топката од својата мрежа, па Трабзонспор запиша убедлив триумф од 5:1.

Барди беше на теренот до 79-та минута кога му го отстапи местото на Фернандез, додека новите три бода му овозможија на Трабзонспор да го одржи третото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни