Поврзете се со нас

Шах

Сребрен медал за шахистките на Гамбит

Објавено

на

Европскиот клупски куп во шах кој минатава седмица се одржуваше во Скопје донесе разочарување во машка конкуренција каде што ултра силниот тим на Алкалоид заради кикс во само една партија не успеа да го освои второто место, но од друга страна донесе успех во женска конкуренција каде што дамите на Гамбит Асеко успеаја да го направат она што се очекуваше од нив.

Женската екипа на Гамбит имаше трет рејтинг (2461) пред стартот на турнирот со мошне мала разлика до второрангираната Легаси сквер (2495) и четврторангираната Угра (2432), двете од Русија. Грузиската екипа Нона ја оправда улогата на фаворит и со победа на сите седум меча го освои преодниот пехар на европската шаховска федерација.

antoaneta stefanova gambit skopje 2015

Со реми на сите четири табли против директните конкурентки од Угра, Гамбит Асеко го обезбеди среброто, а Русинките го добија бронзениот медал. Предводени од поранешната светска првенка Антоанета Стефанова (Бугарија) која за волја на вистината не играше во последните две кола, во екипата беа уште Русинката Александра Горјачкина, Јанг Шен од Кина, како и двете шахистки од Казахстан, Динара Садуакасова и Мадина Давлетбајева. Тие во третото коло го имаа единствениот пораз од шампионките Нона, но за возврат успеаја да освојат и златни медали за настапите на првата и третата табла (Стефанова и Јанг Шен).

Во машка конкуренција учествуваа 50 екипи, додека во женска конкуренција имаше 12 екипи.

zoran stojcevski gambit aseko 2015

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни