Поврзете се со нас

Европски купови

Срдановиќ постигна гол од пенал во завршницата, Вардар се избори за херојско реми

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Вардар се прикажа во херојско светло на Исланд и успеа да се врати со бод во Скопје, откако вечерва одигра 34:34 против Валур во мечот од ЕХФ Европската лига.

Македонскиот претсавник беше десеткуван пред гостувањете поради тоа што тренерот Гилјермо Милано не можеше да смета на Еспиња, Лазаревски, Борозан и Ќосевски, но и во такви услов, „црвено-црните“ се бореа до самиот крај и на драматичен начин се изборија за реми.

Во последните секунди, судијта досуди пенал за Вардар поради намерно играње со нога на домашен ракометар, па така Марко Срдановиќ доби шанса да избие во јунак. Вардаровиот играч биеше прецизно од линијата за седум метри и ги постави конечните 34:34, што дефинитивно е голем успех за Вардар ако се знае дека само двапати имаше водство на овој натпревар.

Последното беше на две минути пред крајот (33:32), но сепак избраниците на Милано сигурно ќе бидат задоволни и со освоениот бод на Исланд.

Вардар првпат поведе во 40-та минута од средбата при резултат 24:23, па иако воглавно бркаше резултат, на крајот пронајде острина и потребен мир во завршницата за да се врати со бод во Македонија.

Јунакот Срдановиќ постигна пет гола на гостувањето, исто толку имаа и Георгиевски, Хориха и Маргели, додека нерешлива енигма за вардарци беше Тордарсон кој постигна 11 голови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни