Србљак успешно го отвори турнирот во Анталија

gorazd doboj

Македонскиот тенисер, Горазд Србљак успешно ја отвори главната фаза на ИТФ фјучерсот во Анталија, Турција што се игра за награден фонд од 15.000 американски долари.

Скопјанецот до официјалниот дел дојде преку квалификациите за да во првото коло денеска без проблеми со 2-0 во сетови го реши домашниот претставник Сарп Агабигун. Србљак на теренот број еден славеше со 6-2 и 7-5 и на тој начин обезбеди пресметка со украинскиот квалификант, 17-годишниот Ерик Ваншелбом кој пак на стартот го изненади петтиот носител О’Конел од Австралија.

Facebook Коментари