АТП
Србљак со пресврт до славје над седмиот носител на турнирот во Србија
Македонскиот тениски ас, Горазд Србљак имаше успешен старт на ИТФ фјучерсот во Куршумлијска Бања (Србија) каде во првото коло му пресуди на седмиот носител, Карло Алберто Каниато.
Иако Италијанецот е 157 позиции подобро рангиран од нашиот Горазд, тоа не се почувствува на теренот каде Македонецот во рамноправна борба го загуби првиот сет со 6-4, но во продолжението одговори со 6-3 и 6-0 за пласман во следната фаза.
И во осминафиналето Србљак ќе се соочи со Италијанец и тоа 20-годишниот Стефано Д’Aгостино.
Денеска настап на оваа сцена ќе има и Обрад Марковски кој за ривал ќе го има Хајато Мацуока од Јапонија (петти носител).
Фјучерсот се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 долари.
-
Англијапред 23 часа
По Костиќ, Мурињо ќе ја спасува и пропаднатата ѕвезда на Јунајтед вредна 95 милиони евра
-
Лига на нациипред 20 часа
Ван Дајк го изигнорира националниот колега од Јунајтед, видеото стана вирално
-
Лига на нациипред 18 часа
Мајсторија на напаѓачот: Словенечкиот коментатор „полуде“ по слаломот на Шешко (Видео)
-
Шпанијапред 21 час
Родриго призна дека знае да се налути: Повремено се чувствувам како да „пополнувам дупки“ во Реал
-
Англијапред 22 часа
Рангник се потсети на изјавата која ја даде за Јунајтед пред две години: Испадна дека бев во право!
-
Балканпред 23 часа
Легендарен хрватски голман: Го наплатив долгот од Динамо после 17 години!
-
Италијапред 18 часа
Мангупскиот гол на Фратези ги воодушеви фудбалските фанови во Италија (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Оби Микел откри зошто пропадна трансферот на Осимен во Челси: Двете страни направија компромис, но….