Поврзете се со нас

АТП

Србљак продолжи да победува во Куршумлијска Бања, следи битка со третиот носител

Објавено

на

Foto: FB/Македонски тенис Makedonski tennis

Македонскиот тенисер, Горазд Србљак продолжи да победа на ИТФ фјучерсот што се игра во Куршумлијска Бања, Србија.

Србљак дојде до главната фаза преку три победи во квалификациите за да потоа го реши Карлос Хиралди од Шпанија, а денеска и Ласе Портнер од Германија.

Горазд потврди дека е во добра форма, ритам и го надигра Портнер со 2-0 во сетови или поточно со 7-5 и 6-3. Средбата траеше скоро два часа, нашиот ас освои 15 поени повеќе од противникот (72/57) и успешно реализираше 5 од 10 брејк топки, категорија во која одново беше подобар од противникот (3/7).

Сега за Србљак следи најголемиот тест за влез во полуфиналето, битка со третиот носител Јанаки Милев од Бугарија кој е 536. на АТП листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни