Поврзете се со нас

АТП

Србљак поразен од третиот носител во Куршумлијска Бања

Објавено

на

Foto: FB/Македонски тенис Makedonski tennis

Македонскиот тенисер, Горазд Србљак не успеа да го мине првото коло на ИТФ фјучерсот во Куршумлијска Бања што се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 долари.

Србљак имаше навистина тежок противник на самиот старт, третиот носител Мартин Павелски кој е на 484. место на АТП листата. Полјакот не дозволи никакво изненадување и славеше со 2-0 во сетови на теренот број два и тоа со 6-2 и 7-6.

Фаворитот беше доминантен во првиот сет, но во вториот имаше голема борба, Горазд не искористи ниту една од шесте брејки топки, поточно решавачки беше тај-брејкот кој заврши во полза на Мартин со 7:3.

Кога се во прашање нашите претставници на овој турнир, Шендрит Деари ги мина квалификациите и за прв ривал во главната фаза ќе го има Ромео Хаџимехмедовиќ од Србија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни