Поврзете се со нас

АТП

Србљак по голема борба поразен од третиот носител на турнирот во Србија

Објавено

на

Foto: FB/Македонски тенис Makedonski tennis

Еден од најдобрите македонски тенисери, Горазд Србљак не успеа да ја продолжи серијата на позитивни резултати на ИТФ фјучерсот што се игра во Куршумлијска Бања, Србија.

Србљак врза пет победи на турнирот што се игра на земјена подлога, но денеска за ривал го имаше третиот носител Јанаки Милев од Бугарија од кого по голема борба загуби со 2-1 во сетови.

Милев доминираше во првиот сет (6-1), но потоа наиде на жесток отпор од нашиот ас кој успеа со 6-4 да го однесе натпреварот во трета решавачка рунда.

Таму двајцата тенисери одигра перфектно кога се во прашање брејк шансите, Бугаринот имаше два од два, Србљак еден од еден што во ситуацијата значеше 6-3 за фаворитот и место во полуфиналето на фјучерсот кој се игра за вредност од 15.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни