Србљак по два часа падна пред четвртиот носител во Анталија

srbjlak

Македонскиот тенисер, Горазд Србљак го заврши настапот на ИТФ фјучерсот во Анталија што се игра за вредност од 15.000 американски долари.

Нашиот рекет не успеа да направи изненадување и загуби од четвртиот носител Марвин Нетушил од Германија со 2-0 во сетови на мечот кој се играше на теренот број еден. Србљак пружи сериозен отпор во првиот сет кој го загуби со 6-4, додека пак во вториот Германецот беше доминантен и со 6-2 обезбеди пласман во четвртфиналето на овој турнир.

Дуелот траеше скоро два часа, Горазд освои 18 поени помалку од ривалот (53/71) и не искористи ниту една од четирите брејк топки.

Facebook Коментари