Србљак и Јотовски го завршија настапот во Анталија

tomi udar

Македонските тенисери, Горазд Србљк и Томислав Јотовски експресно го завршија настапот на ИТФ фјучерсот во Анталија, Турција.

Во првото квалификациско коло Србљак не успеа да се справи со Едоардо Еремин од Италија кој славеше со 2-0 во сетови (6-3, 7-5). Јотовски пак не најде решение за 18-годишниот Романец, Ради Флорин Маковеи. Тинејџерот победи со 2-0 во сетови со 7-6 и 6-2.

Единствениот Македонец кој напредуваше беше Обрад Марковски, тој го надигра Емануеле Maцески со 6-2 и 6-1, па сега го очекува соочување со уште еден Италијанец, Еремин.

Facebook Коментари