Поврзете се со нас

АТП

Србљак и Симева се најдобрите во Македонија за 2020 година

Објавено

на

Горазд Србљак и Горазд Србљак се најдобрите во македонскиот тенис за 2020 година.

Тие триумфираа на државното првенство кое изминативе денови се одржа на терените на Тениски клуб Југ. Горазд до новата титула првак на Македонија стигна откако во финалето со 2-1 во сетови беше подобар од Калин Ивановски (3-6, 6-3, 6-4).

На патот до пехарот Србљак беше подобар и од Срган Спасеновски, Стефан Мицов и Шендрит Деари.

Од друга страна пак Симева со три триумфи стигна до шампионската позиција во македонскиот тенис за оваа календарска година. Прво ја доби Јана Огњановска, потоа пак со 2-0 славеше над Јана Стојанова за да во завршниот мече биде подобра од Ива Кузмановска со 7-6, 6-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни